Чапутович ексклузивно за „Слободен печат“: Подобро од западните земји разбираме каква е ситуацијата кај вас

Ние сметаме дека реформите во Северна Македонија околу судството, борбата против корупцијата и јавната администрација се позитивни, вели министерот за надворешни работи на Полска во ексклузивното интервју за „Слободен печат“, кое ќе биде објавено во утрешното печатено издание.

Ние подобро од западните земји разбираме каква е ситуацијата кај вас и дека треба да ви дадеме шанса да се приклучите на ЕУ. Разочарани сме што преговорите не почнаа минатата есен, иако го очекувавме тоа. Сега мора да ги убедиме и другите земји да бидат многу повеќе свртени кон напред во однос на вашите барања. Ова, ексклузивно за „Слободен печат“ го изјави Јацек Чапутович, полскиот министер за надворешни работи, во интервју кое ќе биде објавено во утрешното печатено издание на нашиот медиум.

Чапутович меѓу другото, во интервјуто се осврнува и на новата методологија за преговарање со Европската Унија, на мигрантската криза и на други актуелни теми, поврзани со функционирањето на Унијата.

– Ние сметаме дека реформите во Северна Македонија околу судството, борбата против корупцијата и јавната администрација се позитивни – оценува Чапутович и додава дека не знае дали на 26 март ЕУ ќе реши дали ќе ги отпочнеме преговорите, но мисли дека ќе биде подобро тоа да се случи во март, а тоа е ставот и на Европската комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот