Чак Норис пред да стане актер изгради и спортска кариера – двапати загуби од борец роден во Скопје
Денеска почина Чак Норис, само десетина дена по својот 86. роденден. Култниот актер и мајстор на боречки вештини, познат по улогите во акционите филмови беше хоспитализиран на Хаваи вчера, а веќе денеска неговото семејство ја соопшти тажната вест.
Препорачано
Норис не беше само филмска икона, зад него имаше и сериозна спортска кариера. Во своето време важеше за еден од најдобрите каратисти во светот, а дури шест години по ред остана непоразен во средна категорија на највисоко ниво. Тој е основач на боречката дисциплина „Чун Кук До“ која се темели на американски стил на карате, а магазинот „Блек Белт“ го вклучи во својата Куќа на славните со црн појас, највисокото признание во овој спорт.
Во едно интервју за АП од 1982 година, Норис откри дека во младоста не бил особено физички доминантен.
„Вежбав гимнастика и играв американски фудбал, но најчесто бев на клупа. Вистинската сила ја стекнав дури по заминувањето во војска“, раскажал тој.
По враќањето од војната во Кореја, во 1962 година Норис отворил студио за боречки вештини, каде тренирале големи ѕвезди како Стив Меквин, Присила Присли и Боб Баркер. Токму тие го вовеле во светот на филмот, по што неговата спортска кариера постепено преминала во актерска.
Иако подоцна настапувал во ревијални борби, познато е и дека двапати загуби од борец од Балканот и тоа од Енвер Идризи кој е борец роден во Скопје, а долги години живееше во Хрватска, земја за која и се натпреваруваше.
„Чак Норис, Брус Ли, Жан-Клод Ван Дам и Стивен Сигал се пред сè актери. Луѓето тешко ја прават разликата, но филмот и реалноста не се исто. И јас пред камера би можел да направам чуда.“
Чак Норис е итно примен во болница на Хаваите, актерот неодамна наполни 86 години


