Чадеж: САД со голема поддршка за „малиот шенген”

Тој оцени дека балканските земји се релативно мали, посебно од гледна точка на САД и нивната економија.

Експертите на Атлантски совет го поддржуваат напредокот во зајакнувањето на регионалната интеграција на Западен Балкан преку иницијативата „мал шенген”, а американските деловни здруженија ја оценуваат иницијативата како нова агенда за економски раст на регионот, изјави во Вашингтон претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, по разговорите во американскиот Конгрес, Сенатот и Министерството за трговија.

– Голема поддршка, и навистина многу ни значи, што сите соговорници не само што го поддржаа концептот, идејата, напорите и активностите кои потекнуваат од трите лица, кои политички ги водат Србија, Македонија, Албанија, а тоа е иницијатива што ја покрена претседателот Вучиќ заедно со премиерите Рама и Заев. Сега, се надеваме дека ќе се прошири во повеќе земји и економии на Западен Балкан и не е прашање дали е потребно или не, туку ако не го сториме тоа, тешко дека можеме економски да растеме и да го забрзаме нашиот раст, изјави Чадеж.

Тој оцени дека балканските земји се релативно мали, посебно од гледна точка на САД и нивната економија.

– Добивме позитивни реакции од американските пратеници, членови, кои рекоа дека ни треба поголем пазар, потребен ни е Западен Балкан како единствен економски простор, тоа ни дава мотив, знаеме од каде доаѓаме, зошто имаме мотивација да инвестираме и како финансиски да вложуваме, но исто така и како стратешка инвестиција, ова е голема работа, изјави Чадеж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот