Целосно изгаснат пожарот кај „Комуна”, нема повредени, има материјална штета

– Во магацински простор кај старата скопска фабрика „Комуна” избувна пожар, а дојавата во скопската Бригада за противпожарна заштита е примена во 4.55 минути. Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески за МИА изјави дека за кратко време пожарот е ставен под контрола, целосно е изгаснат и не е дозволено да се прошири во останатите објекти во кругот на фабриката.

Нема повредени, но е причинета материјална штета.

Томески информира дека по дојавата веднаш се упатени девет противпожарни возила со 20 пожарникари, а станувало збор за магацински протстор во кој била складарна пластика за понатамошна рециклажа.

– Карактеристично е што во кругот на фабриката и во објектите немаше функционална хидрантска мрежа, потенцираше за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот