Фото: KK Pelister

Цедевита беше пресилна, трет пораз за Пелистер во ФИБА Европа купот

Македонскиот претставник во ФИБА Европа купот, Пелистер, го запиша и третиот пораз во групната фаза, откако вечерва на домашен терен беше совладан од хрватската Цедевита Јуниор со убедливи 74:95.

По овој резултат, битолскиот состав останува закован на последното место во групата, а шансите за пласман во топ-16 се сведени само на теорија. Во оваа фаза место обезбедуваат победниците на групите и шестте најдобри второпласирани екипи.

Пелистер одигра рамноправно само во третиот период, кога со серија од 11:0 ја анулира високата предност на гостите и успеа да израмни на 56:56. Сепак, Хрватите веднаш возвратија со брза серија од 12:2 и повторно се одлепија, поведувајќи со 68:58, а до крајот само ја зголемуваа разликата која достигна и 23 поени (91:68).

Во редовите на Пелистер најефикасен беше Дејвис со 21 поен, Вилсон уфрли 16, а Митревски 15. Разочара најдобриот стрелец на тимот, Остин Прајс, кој за речиси 20 минути игра постигна само два поени со шут 1/9.

Пелистер во следното коло ќе гостува на Приевидза, единствениот ривал кој го совлада досега во оваа сезона.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот