Цеца ги надмина Лејди Гага и Мадона: Концертот на Ушќе трет најпосетен во светот

цеца
Фото: Принтскрин - Инстаграм

Според истражувањата, Светлана Ражњатовиќ – Цеца е пејачка која ги надминала ѕвездите како Лејди Гага и Мадона, судејќи барем по бројот на посетителни на нејзините настапи.

Лејди Гага одржа концерт во Париз на кој присуствуваа повеќе од 80.000 луѓе, а овој настап е седми на листата на најпосетувани во Европа.

Сепак, интересно е што концертот на Ражнатовиќ, кој се одржа во 2013 година на Ушќе, го посетиле 150.000 фанови на фолк – дивата, а со тоа пејачка се најде на 3-то место на оваа листа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)


Тина Тарнер е пред Цеца на оваа листа, а подолу е поп ѕвездата Мадона.

Фото: Принтскрин Википедија

Цеца секако има причина да се гордее со својот успех, а сега откри како гледа на овој успех:

„За мене концертот одржан на Ушќе засекогаш ќе остане во најдобро сеќавање. Со нетрпение очекувам да го повториме тој спектакл и се надевам дека повторно ќе го срушиме рекордот на посетеност. Ова не е само мој успех, туку и успех на мојата публика. Можеме само да се гордееме со фактот што заедно го поставивме Белград толку високо на светската мапа на најпосетувани концерти“, изјавила фолк-дивата за „Ало“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот