ЦДЦ: Нема доволно докази за да се препорача повеќе од една „бустер” доза против ковид-19

САД вакцини / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Нема доволно докази за да се препорача повеќе од една „бустер” доза за ковид-19 на годишно ниво за постарите луѓе и оние со ослабен имунолошки систем, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ).

Работната група ковид-19 на Советодавниот комитет за имунизација на ЦДЦ (АЦИП) поддржа годишна кампања за засилување, најверојатно наесен, особено за популации кои се сметаат со висок ризик, рече д-р Сара Оливер, службеник на ЦДЦ кој ја предводи групата, за време на состанокот на надворешните советници на агенцијата.

Агенцијата во моментов препорачува постарите и имунокомпромитирани луѓе почесто да го проверуваат имунитетот за да видат дали им е потребно зајакнување за ковид, бидејќи ефективноста на вакцините обично опаѓа побрзо кај тие популации во споредба со помладите луѓе со подобар имунолошки систем.

Во пролетта 2022 година, ЦДЦ препорача имунокомпромитирани и лицата постари од 50 години да добијат дополнителна вакцина доколку го примиле првата бустер доза најмалку четири месеци порано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот