Царинската управа постави нова дигитална вага на ГП Богородица

Фото: Царинска управа

Царинската управа постави нова дигитална вага на граничниот премин Богородица со што е забрзан е транспортот на стока на граничниот премин. Со нејзиното поставување е значително скратено времето на чекање на граничниот премин каде дневно поминуваат околу 245 камиони кои пред да се царинат на царинска испостава Гевгелија, или да се пуштат за транзит, задолжително се мерат на овој премин. Нејзиното поставување беше едно и од клучните барања на транспортерите, соопшти Царинската управа.

Управничката на царинарница Гевгелија, Тања Илијоска, вели дека тежината на декларираната стока е првиот индикатор за проверка на точноста на информациите и е многу важна при контрола на секој внес, изнес и транзит на стока.

– На преминот се мери секоја стока, вклучувајќи ги и празните цистерни се со цел да се направи сеопфатна контрола на истата, односно проверка на точноста на декларираната тежина. Од почетокот на годинава заклучно со 31 октомври на влез на граничниот премин Богородица се измерени вкупно 74.685 товарни моторни возила. Поставувањето на новата дигитална вага значително го забрза транспортот на стока на преминот. Мерењето е клучно за овозможување услови за фер конкуренција, но и за сузбивање на сивата економија и спречување шверц на стока, потенцира Илијоска.

Средствата за поставување на вагата се обезбедени преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Република Северна Македонија „Преминуваме граници“.

Ова е прва дигитална вага како дел од процесот за целосна дигитализација и автоматизација на терминалите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот