Бутел со победа ја заврши кратката европска авантура

фото: facebook.com/gyongyosikk/

Скопски Бутел на денешниот реванш од првото квалификациско коло на Лига Европа условно како домаќин во Унгарија со 25:24 триумфираше над Ѓенѓеш.

Македонскиот претставник доживеа елиминација, а пресуди вчерашниот висок пораз на првиот меч со резултат 34:21.

Во победничките редови доминираше Мајиќ со осум голови, по четири имаа Сулима и Василевски, а по еден Спасовски и Стојановски.

На спротивната страна Граф беше прв стрелец со пет погодоци, четири запиша Халаш, а три Маркез.

Играчите на Бутел сега ќе се фокусираат на мечевите од нашата Супер лига, потсетување тие се наоѓаат во „Б“ групата со Прилеп, Металург, Работнички, Младост Богданци, Тиквеш 2014 и Пелистер Еурофарм 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот