Бурхан Мустафа е нов голман на Академија Пандев

фото: ФК Академија Пандев

Бурхан Мустафа официјално потпиша договор на шест шесеци со фудбалскиот клуб Академија Пандев. Искусниот 32-годишен голман се обврза до крајот на сезоната да го облече дресот на „пандевци“.

Овој чувар на мрежата доаѓа од екипата на Гостивар, а претходно во својата кариера има настапувано за екипите на Борец, Работнички, Дрита, Шкупи и косовски Феризај.

Претходно тимот го засилија десниот бек Георгие Јанкулов, централниот дефанзивец Агрон Руфати и играчот за врска Марио Врдољак.

Како што е познато, поранешниот репрезентативец на Македонија, Ацо Стојков е новиот спортски директор на Академија Пандев, во намерата да помогне околу визионерскиот проект и планот за издигнување на ниво погоре во работењето и организацијата на клубот во иднина.

По завршувањето на есенскиот дел во Првата лига, екипата на Академија Пандев е на 10 позиција со 12 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот