„Бура и продор” на „Скупи фестивал“ вечерва во Албанскиот театар Скопје

„Бура и продор“ на „Скупи фестивал“

На Меѓународниот театарски фестивал „Скупи фестивал“ вечерва во Албанскиот театар Скопје ќе се одигра перфомансот „Бура и продор” произлезен од шестдневната работилница одржана со режисерката Теа Беговска.

„Sturm und drang“ (Бура и продор) е движење во уметноста кое донело нови форми кои силно продреле во делата на големите автори.

– На оваа работилница се потрудивме да продреме во нашето време и да искреираме театарски перформанс во кој ќе ја видите „Бурата и продорот“ на младите актери Илин Јовановски, Миа Кантарџиева Петровска, Дин Ибрахим, Бојан Лазаров, Тодор Стојковски, Дениз Рустеми. И ова претстава ќе се одигра во Албанскиот театар Скопје во 20 часот, соопштуваат од Фестивалот.

Скупи фестивал – претставаНа програмата на МТФ „Скупи фестивал“ вчера беше одиграна театарската претстава „Скршено на парчиња” на театарот „La Belle Meunière“ од Франција.

-„Шведска маса / Скршено на парчиња“ личи на торба за пазар, но како бонус добивате торба која мириса на чад од експлозија. На сцената гледаме двајца бурлескни актери кои потсетуваат на познатото комедијанско дуо Лорел и Харди, кои носат убаво и внимателно спакувано парче мебел кои ќе претрпи жесток и комичен масакар, сè додека не се сруши целосно на прачиња. На крајот публиката е поканета да учествува во спојувањето на овие парчиња од мебел, а со тоа да открие дека всушност ништо не е изгубено. Во овој циклус т.н. живот во кој се меша трагедијата и бурлеската, сфаќаме дека се’ може да добие своја смисла, соопштија од МТФ „Скупи фестивал“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот