Бугарското МНР ќе даде целосна помош на македонските власти во врска со несреќата

Македонски автобус Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија / Фото EPA-EFE/VASSIL

Министерството за надворешни работи на Бугарија во рамките на своите надлежности и ја дава сета потребна помош на Република Северна Македонија во врска со несреќата на автопатот „Струма”, соопшти Прес-центарот на бугарското МНР.

Ова, како што јави дописникот на МИА од Софија, им го порача бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, на премиерот Зоран Заев, шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

Стоев претходно денеска ја пречека владината делегација во болницата „Пирогов“ во Софија, каде ги посетија настраданите во тешката сообраќајна несреќа. За состојбата на пациентите и грижата за нив информираше директорот на болницата проф. Иван Поромански.

Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Бугарија во Скопје се во постојан контакт со македонското МНР и со нејзиното дипломатско претставништво во Софија, се додава во соопштението.

Од надлежните бугарски институции е побарано да се обезбеди приоритетен и непречен влез во Бугарија на роднините на загинатите и повредените, како и на претставници на медиумите од земјава со оглед на хуманитарниот аспект на случајот.

Бугарското Министерство во рамките на своите надлежности дава помош и на тим лекари од судска медицина, како и на вработени во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, кои ќе пристигнат во Бугарија во врска со несреќата, се нагласува во соопштението.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот