Бугарските инспектори ќе ги спречуваат нелегалните екскурзии

Ограничувањето на нелегалните екскурзии ќе биде еден од фокусите на новиот вршител на должноста министер за туризам, Илин Димитров. Ова го најави самиот Димитров при претставувањето на приоритетите на неговата работа во наредните месеци до формирање на редовна влада. Министерот посочи дека до крајот на мандатот ќе се подготват предлози за законски измени поврзани со проблемот со дивите екскурзии.

Самиот Димитров и индустријата се поддржувачи на создавање на посебно контролно тело – т.н туристичката полиција да ги следи незаконските и нефер практики во секторот. Редовните туроператори веќе подолго време се жалат на нелегални екскурзии. Овие практики значително се интензивираа за време на ограничувањата за ковид, пишува Сега.бг.

Оштетените туристички компании предупредуваат дека проблемот се развива во огромни размери.

Оваа активност главно ја вршат физички лица кои немаат лиценца за туроператор. Патувањата ги организираат главно преку социјалните мрежи, крадејќи ги клиентите на редовните туроператори со поповолни цени. Екскурзиите се главно на територијата на Бугарија, но во последните година-две и во соседните земји.

Во Турција, на пример, веќе стана вообичаено нелиценцирани организатори да спроведуваат еднодневни или дводневни екскурзии.

Вакви активности во Бугарија развија и многу странци – Полјаци, Чеси, Скандинавци. 211 туроператори и агенти се веќе одјавени поради неприложување на задолжителното осигурување од одговорност на тур-операторите. Писма за потсетување за осигурување се испратени до 600 компании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот