Бугарската опозиција реагира до властите: Почнува ли Македонија преговори со ЕУ без промена на Уставот?

Костадин Костадинов, претседател на Преродба, Р Бугарија/Фото: Скриншот

Претседателот на бугарската крајнодесничарска партија „Преродба“ Костадин Костадинов побара бугарското Министерството за надворешни работи да каже што се случува со апликацијата на Република Северна Македонија за членство во ЕУ.

-Се подготвува ли одобрување за фактичко отворање на преговарачките поглавја пред уставните промени во Скопје?“, праша тој и побара министерката Марија Габриел да каже дали Бугарија има тежина во Брисел и како тоа Брисел ветува некои работи во нивно име.

Дополнително, Костадинов го постави прашањето дали Марија Габриел крие информации од Брисел.

Според него, ако Северна Македонија не го смени Уставот и не ги вклучи Бугарите во него, во работната група при Советот за проширување на ЕУ имало писмо со кое се дава зелено светло за преговори.

„На чиј притисок подлегнавме во септември за испраќањето на ова писмо? Австрија зад затворени врати мавташе со прст да сме престанале да се мешаме во преговорите. Република Северна Македонија однапред беше информирана дека Бугарија нема да се меша, кој тоа објави внатрешни информации до РСМ од Работната група при Советот за проширување?“, реторички праша Костадинов.

Тој побара од МНР мислење за позициите што ќе ги брани на претстојниот Европски совет, а една од точките е и проширувањето на ЕУ.

Инаку, минатата недела во Брисел официјално заврши скрининг процесот на Македонија со ЕУ со затворање на билатералниот состанок за „Поглавјето 31 – Заедничката надворешна и безбедносна политика“ од Кластерот 6 . Со тоа Македонија заокружи една есенцијална фаза што треба да ја воведе во следната фаза од преговорите, продолжување со реформите и завршување на обврските со цел до 2030 година да стане полноправна членка на Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот