Бугарската манекенка Глорија Петкова дел од предизвик на социјалните мрежи: Поинакви слики од домашна изолација (ФОТО)
Како резултат на пандемијата од коронавирусот, на социјалните мрежи веќе со денови кружат бројни предизвици.
Како дел од нив, некои треба да објават фотографии без шминка, други од тоа како изгледале како мали, а некои како спортуваат во домашни услови или како готват.
Неодамна, се појави и нов предизвик, а кој се однесува на модата!
Додека сите работиме по дома во пижами, моделите започнаа предизвик под назив „CovidStyle“, односно мода во време на домашен карантин. Всушност, идејата е на тројца Бугари, кои се соседи и модели.
Тие секојдневно објавуваат фотографии од местото каде живеат, а се појавуваат во најразлични парчиња облека.
Така, бугарската манекенка Глорија Петкова, која на пошироките маси им е позната по учеството во реалното шоу Големиот брат од пред неколку години, исто така го прифати овој предизвик.
Младата мајка секојдневно се фотографира во различен стил на облека, па дури и поинаква фризура.
Поентата на предизвикот е таа еден ден да се појави облечена во стилот од осумдесеттите години, за веќе следниот ден да треба да се облече сосема поинаку.
Погледнете како изгледа тоа: