Бугарите имаат ново барање – сакаат да бидат вклучени во процесот на измена на Уставот

Бугарскиот технички министер за надворешни работи, Николај Милков

„Има дискусии за идни текстови кои би се менувале во Уставот на Северна Македонија и ние би сакале да учествуваме во овој процес за да може се да се одвива без проблеми“, изјави за бугарската агенција БТА, техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков.

Би сакале да ги консултираме за овие прашања, истакна тој, додавајќи дека за тоа во вторникот имал краток разговор со министерот Бујар Османи.

Околу бришењето на натписот на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ од Битола, Милков коментира дека „очигледно атмосферата во Македонија дозволува тоа да се случи“ и дека „има елементи на неказнивост при ваквите постапки“.

Од македонското МНР засега нема коментар околу тоа дали е прифатливо Бугарија да учествува во процесот на измена на нашиот Устав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот