Бугарија нема да испраќа војници во Украина, тврдат од МО

Специјални единици на бугарската армија/Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Бугарија на никаков начин нема да учествува со воен персонал на територијата на Украина. Само Народното собрание може да донесе одлука за учество на бугарски војници во операции надвор од територијата на државата. Ваков предлог никогаш не бил на дневен ред. Сите иницијативи поврзани со обуката на украинскиот воен персонал се спроведуваат надвор од територијата на Украина. Ова се наведува во став од Министерството за одбрана на Бугарија.

Бугарското Министерство за одбрана потсетува на одлуката на Националното собрание од 9 декември минатата година.

„Имаме поставена задача и можеме да ги обучиме Украинците за борбени медицински лица – до 60 лица за една година“. Планирано е 4 групи од по 15 лица повторно да се обучуваат во Бугарија, а не во Украина“, се наведува и во ставот.

 

Денеска Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пристигна во Бугарија. На аеродромот во Софија го пречека шефот на делегацијата на Народното собрание во Парламентарното собрание на НАТО, Даниел Митов.

Народното собрание на Република Бугарија е домаќин на пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО.

Учесниците на пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО ќе разговараат за клучните теми од евроатлантската одбранбена и безбедносна агенда со фокус на поддршката за Украина.

Во Софија, Собранието треба да ги усвои своите препораки за самитот на НАТО во Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот