Бучковски: Бугарија ќе има идеален нов шеф на дипломатијата, кој ќе помогне во преговорите

Владо Бучковски / Фото: Архива на Слободен печат

Специјалниот претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски вели дека најверојатно новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков ќе постави свој близок човек за министер за надворешни работи, кој ќе помогне во преговорите на Бугарија со Македонија.

-Петков вели дека најдобра личност за тоа би бил Даниел Лорер, кој има исклучителни познавања и е негов најблизок соработник. Беше во неговиот кабинет кога беше министер за економија во првиот службен кабинет на Јанев. Тој е евреин, има дипломирано на Универзитетот во Тел Авив и се говори дека има искуства во преговорите и дека е идеален човек за решение. Петков вели дека тој ќе се залага за подобрување на состојбите на Бугарите во Македонија, притоа свесни дека менувањето на Уставот не е единствено решение, рече Бучковски во емисијата „Топ тема“.

Бучковски нагласи дека сепак клучното прашање е дали ќе се успее тоа да се постигне до 14 декември. Има вели тој, охрабрувачки сигнали, за нова стратегија од бугарска страна која, според него, би и одговарала на земјава. Но, како што нагласува, треба да ни биде јасно оти времето не ни е сојузник.

-Иако денеска бугарскиот претседател Румен Радев даде една изјава, дека максимално брзо ќе го свика идното собрание, очекувањата се дека тоа најбрзо може да биде на 24 или 25 ноември. За една недела, на 21 ќе бидат официјалните резултати. Нивниот Устав дозволува тоа да биде и еден месец после изборите, но и тие брзаат заради тоа што долго време што немаа политичка влада, затоа што сакаат да бидат во полн капацитет за да може новата политичка влада да го предложи Буџетот. Имаат и други притисоци, пред се таму е исто катастрофална сотојбата со ковид кризата, оцени Бучковски.

Од друга страна, поранешниот амбасадор на земјава во Бугарија, Марјан Ѓорчев, смета дека нема да има време тоа да биде постигнато до декември. Вели дека покрај останатото тука станува збор и за кадри, односно распределба на ресорите во министерствата и средбите со претседателот Радев.

-Претседателот Радев, колку и да ги испочитува сите брзи рокови, средбите кои што ќе бидат нема да ѝ дадат на бугарската страна доволен простор тие да реагираат кај ЕУ на начин кој што ќе значи позитивно изјаснување, рече Ѓорчев во дебатната емисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот