Бубевски: Кога ќе започне истрагата ќе биде издадена Меѓународна потерница за Палевски

Гаврил Бубевски / МИА

Јавниот обвинител Гаврил Бубевски во текот на денешната прес-конференција изјави дека сите инволвирани во убиството на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски се идентификувани, а за првоосомничениот кој е во бегство ќе биде издадена Меѓународна потерница.

Прес во Обвинителство: Палевски ја убил Вања, татко и му кажал дека дента сама оди на училиште

„Извршени се две поврзани кривични дела, грабнување и убиство за кои, во контекстот, следува највисока казна. Против три лица е побарана и добиена мерка притвор од 48 часа. Случајот сеуште е во предистрага и се прибира доказен материјал, кога ќе започне истрагата првоосомничениот ќе биде издадена меѓународна потерница.“

Спасовски: Убиецот побегнал во Белград од каде што заминува за Бугарија

Љупчо Палевски-Палчо е лицето кое ја убило малолетничката Вања Ѓорчевска. Тој во моментов не е достапен за органите на прогонот.

Како што кажа Спасовски, Палевски се наоѓа во Бугарија, а оттаму заминал преку Србија со возило на неговиот адвокат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот