17-годишен Србин е убиен во Трст/Фото: Социјални мрежи, ЕПА-ЕФЕ

Брутално убиство: Српски тинејџер на Божиќ задавен во подрум од хостел во Трст

Роберт Трајковиќ (17) по потекло од Србија, брутално е убиен во Трст на Божиќ. Злосторството според италијанските медиуми е извршено ноќта меѓу 7.и 8. јануари, а полицијата телото го пронашла во подрум од една зграда.

Убиецот е три години постаро момче од Мароко и тој наводно го признал убиството и го открил мотивот за бруталниот чин – двајцата биле вљубени во иста девојка.

– Роберт е задавен. Брзо е идентификуван осомничениот кој е во притвор, соопшти јавниот обвинител на Трст за италијанскиот портал ilgionare.it.

Според наводите на медиумите, Роберт кој со родителите и братот со години живеел во Италија, 19-годишната девојка ја запознал неколку дена пред тоа, за Нова Година. Кобната вечер, тргнал кај неа. Меѓутоа му губи трагата и семејството го пријавило неговото исчезнување.

– Телото во неделата е пронајдено во подрум на хостел во кој била сместена девојката. Во зградата се пронајдени и траги од крв, а се проверувал дали момчето првично било одвлечкано со автомобил и претепано, или веднаш е одведен во подрумот и таму задавен, соопштија од истрагата.

Девојката поради која нејзиното поранешно момче го убил Роберт наводно не е сослушана бидејќи била во шок. Истражителите утврдија дека Мароканецот кој е осомничен за злосторството бил во станот на девојката додека таа по телефон договарала состанок со Роберт во хостелот.

Според наводите од истрагата, Али Кашим, поранешното момче, му направил заседа на Роберт така што кобната вечер дошол пред него во станот на девојката. Го пречекал на влезот во зградата и од зад грб го нападнал. Го одвлечкал во подрумот и го задавил со јаже околу вратот. Додека го давел му викал „таа е моја“, пишуваат италијанските медиуми.

Осомничениот наводно две години со девојката живеел во Германија, а кога се вратиле за празниците во Италија, таа го оставила.

Во полиција осомничениот го признал злосторството, но рекол дека немал намера да го убие туку само да го заплаши.

Неговата мајка, за Кориере дела сера изјави дека момчињата се познавале и се дружеле, но љубомората довела до убиство.

-Ни беше како син, не можам да разберам. Жал ми е за момчето и неговото семејство. Али и Роберт беа добри другари, но се’ се претвори во ривалство и заслепувачка љубомора поради девојката во која двајцата беа вљубени, изјави таа.

Семејството на Роберт кое со години живее во Трст освен големата загуба се соочува и со проблемот околу погребот на убиениот син.

Имено тие се сиромашно семејство и побараа помош од Општина Трст за да го плати погребот.

-Можам само да кажам дека Роберт беше добро дете, никогаш немаше проблем со законот и целта му беше чесно да работи во Италија. Не заслужи вакво нешто да му се случи. Не сакаме одмазда, туку само правда, рече мајката на убиениот тинејџер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот