Бројот на мртвите во Шведска надмина 4.000, епидемиолозите тврдат дека бројат на друг начин

Луѓе уживаат во сончевото време во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Шведска, која со панедмијата од коронавирус тргна да се бори со поблаг пристап отколку другите држави, објави во понеделникот дека во замјата починале повеќе од 4.000 лица, од кои 90 отсто се постари од 70 години.

Од 33.843 потврдени случаи на зараза Агенцијата за јавно здравство забележа 4.029 починати во таа земја со 10,3 милиони жители.

Според интернет страницата Ворлдметер, стапката на смртност поврзана со коронавирусот изнесува 399 на милион лица во Шведска, што е значително повисока стапка од онаа во соседните нордиски земји кои презедоа мерки за ограничување на движењето (норвешка 43, Данска 97 и Финска 56).

Но стапката на смртност во Шведска е пониска од онаа забележана во Шпанија (615), Велика Британија (542) и Франција (435).

Андерс Тегнел, епидемиолог од Агенцијата за јавно здравство, предупреди дека е нужно внимателно да се споредуваат тие податоци.

„Во Шведска секој на кого му е дијагностициран ковид-19, а починал во следните 30 дена, е сместен во починатите од ковид-19, без оглед на вистинската причина за смртта. Знаеме дека многу други земји користат други методи за броење“, рече тој.

За разлика од строгите мерки кои се воведени во другите европски земји, во Шведска никогаш не беа на сила мерките за ограничување на движењето и цело време беа отворени училиштата за помладите од 16 години, кафулињата, баровите, рестораните и компаниите, а од сите нив се бараше да се придружуваат на препораките за социјална дистанца и да бидат одговорни.

Агенцијата за јавно здравство се држи до тоа дека шведскиот пристап е долгорочно подобар и ги отфрла мерките кои на други места се преземаат краткорочно, зошто ги смета за непродуктивни во однос на влијанието кое го имаат на оштеството во целина.

Андерс Тегнел повеќе пати инсистираше на фактот дека построгите мерки не би спасиле повеќе животи.

Шведска е далеку од колективен имунитет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот