Брнз: Охридскиот рамковен договор – важна пресвртница што и помогна на државата да ги премости етничките поделби

Кејт Мери Брнз/Фото: Амбасада на САД

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз денеска на Твитер напиша дека Охридскиот рамковен договор е важна пресвртница што и помогна на Северна Македонија да ги премости етничките поделби.

„Денеска ја одбележуваме 19-годишнината од Охридскиот рамковен договор, важна пресвртница што и помогна на Северна Македонија да ги премости етничките поделби. Со нетрпение очекувам да соработуваме со сите заинтересирани страни за зголемување на социјалната кохезија и меѓуетничко разбирање во наредните години“, напиша Брнз на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот