Брнабиќ во Брисел: Не можеме да воведеме санкции против Русија бидејќи граѓаните не го сакаат тоа

Фото: Profimedia

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ во Брисел изјави дека Србија не може да воведе санкции кон Русија зашто нејзините граѓани не го сакаат тоа. Брнабиќ рече дека Србија целосно се согласува со декларацијата на ЕУ за вредноста на Унија, но дека не може да воведе санкции кон Русија поради војната во Украина.

„Нашиот народ не сака да се воведат санкции бидејќи ги почувствуваа ефектите од санкциите во текот на 90-тите. Сметаме дека санкциите секогаш предизвикуваат најголема штета на оние кои се најранливи во општеството“, изјави премиерката на Србија за медиумите во Брисел.

„Очекувам добри резултати и дискусии во однос на новиот план за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој е можност да се добијат средства од околу шест милијарди евра. Се разбира, средствата секогаш се условени со некои реформи, но ние не бегаме од реформи, тие се во интерес на граѓаните и ќе продолжиме да се занимаваме со нив“, рече таа во пресрет на самитот на Европската унија – Западен Балкан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот