Британскиот сој на коронавирус го потисна изворниот во Германија

Германија ковид-19/Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Варијантата на коронавирусот што првично беше откриена во Велика Британија е доминантна во Германија, каде што во дури 72 процента од случаите е причина за болеста ковид-19.

Институтот „Роберт Кох“ соопшти дека 72 процента од позитивните тестови го потврдиле британскиот сој, што, како што посочуваат од таа институција, е причина за голема загриженост.

Минатата недела, соодносот на британската варијанта во позитивните тестови беше околу 55 проценти.

– По Велигден, ќе ја имаме ситуација што беше регистрирана околу Божик, предупреди вирологот Кристијан Достен за ТВ НДР.

Поради мутацијата на вирусот, ситуацијата драстично ќе се влоши, додаде тој, нагласувајќи дека станува особено опасно за невакцинирани лица постари од 50 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот