Британската влада ја повика јавноста да „застане зад“ принцезата Кејт Мидлтон додека таа закрепнува

Фото: EPA-EFE/AARON CHOWN / POOL

Британската влада ја повика јавноста да „застане зад“ принцезата Кејт Мидлтон додека таа закрепнува од операцијата во услови на низа злобни теории на заговор за нејзиното здравје и наводно прекршување на податоците во болницата каде што била лекувана.

Портпаролот на премиерот Риши Сунак го упати повикот откако се дозна дека е покрената истрага за тврдењата дека персоналот во приватната клиника каде Кејт била подложена на абдоминална операција незаконски се обидел да пристапи до нејзините медицински досиеја, објави „Дејли мејл“.

Канцеларијата на комесарот за информации соопшти дека ги истражува тврдењата дека работник во клиниката во Лондон се обидел да ги види нејзините досиеја без овластување. Се огласи и директорот на клиниката и соопшти дека ќе бидат преземени сите соодветни чекори за да се истражи наводната повреда.

На новинарско прашање, портпаролот на Риши Сунак ги повика Британците да „застанат зад“ принцезата од Велс.

Запрашан за наводното прекршување на податоците во лондонската клиника, портпаролот рече дека е јасно дека има строги правила за податоците за пациентите кои мора да се следат.

„Мислам дека сите сакаме да застанеме зад принцезата од Велс и принцот од Велс и очигледно и посакуваме брзо закрепнување“, рече тој.

Братот на принцезата Дијана искрено проговори за ситуацијата со Кејт Мидлтон: Се грижам за тоа што се случи…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот