Британската мутација на коронавирусот откриена во 94 земји, јужноафриканската во 46

Вирус/ Фото Архива на Слободен печат

Високозаразната мутација на ковид-19 што се појави во Велика Британија во септември, минатата недела е откриена во уште осум земји, со што вкупниот број на земји кои пријавија британска мутација е 94, соопшти Светската здравствена организација.

Кога станува збор за јужноафриканскиот сој, тој е регистриран во уште две земји, така што бројот на земји што го откриле 501Y.V2 на нивна територија сега е 46.

Бразилската мутација – П.1 е пронајдена во уште шест земји минатата недела, а сега се наоѓа во 21 земја низ светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот