Британија предупредува: До 10 години затвор за непочитување на мерките и за патниците од други земји

epa08921825 British Health Secretary Matt Hancock at 10 Downing Street in London, Britain, 06 January 2021. British Prime Minister Boris Johnson is delivering a statement on lockdown measures at Parliament. EPA-EFE/ANDY RAIN

Од следната недела властите во Велика Британија ќе воведат построга гранична контрола со цел да се спречи ширењето на новите варијанти на коронавирусот, барајќи хотелски карантин за луѓе кои доаѓаат во земјата. Властите се заканија – доколку не се почитуваат мерките можна е и затворска казна до 10 години.

Министерот за здравство Мет Хенкок изјави дека прекршителите на правилата, што стапуваат во сила на 15 февруари, може да завршат во затвор и парична казна до 10.000 фунти.

-Секој што ќе лаже во образецот за лоцирање патници и се обиде да скрие дека бил во држава која е на „црвената листа” 10 дена пред да дојде тука, ќе се соочи со казна затвор од 10 години, рече Ханкок во Парламентот.

– Британските и ирските граѓани кои пристигнале во Англија од земјите со најголем ризик, оние кои се на „црвената листа” како Јужна Африка, треба да платат 1.750 фунти и да поминат најмалку 10 дена во карантин во хотелот што ќе им биде доделен, рече Ханкок.

Британската Влада објави дека договорила 16 хотели со 4.600 соби и дека ќе обезбеди повеќе места за карантин доколку е потребно.

Мерките во Велика Британија може да останат во сила се додека владата не биде сигурна дека вакцините дејствуваат против нови варијанти на коронавирусот, нагласи Хенкок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот