Британија ќе воведува уште построги мерки откако новиот вид корона се прошири низ целата земја

Британската влада ќе ги разгледа ограничувањата за ковид-19 кои се на сила денес, со цел да се одлучи дали треба да се воведат уште построги мерки во неколку делови на Англија, откако многу заразната мутирана форма на вирусот се прошири низ целата земја, објавија британските власти.
Министерот за локални заедници Роберт Џенрик изјави дека правилата најверојатно нема да се променат пред Божиќ, но најави дека владиниот комитет ќе се состане денес за да одлучи кои мерки понатаму треба да се преземат, пренесува Ројтерс.
„Немаме план за непосредно дејствување за усвојување, но бројот на случаи расте, а новиот вид се шири и во другите делови на земјата, така што ќе видиме дали е потребно да се направи повеќе “, изјави британскиот министер за ТВ Би-Би-Си.
Новиот вид на коронавирус откриен во Велика Британија, кој се карактеризира со голема моќ на пренесување, ги збуни експертите и предизвика значителна паника низ целиот свет.
Многу европски и други земји, во страв, решија да ги прекинат сите авионски летови со Островот.