Британија има начин како да се справи со мигрантите: Ќе ги испрати во Албанија!

Мигранти Британија
Мигранти /Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Откако албанскиот амбасадор во Лондон изјави дека неговата земја е подготвена да и помогне на Британија, веројатно не очекувал дека Британците ќе ја прифатат понудата. Или барем не на овој начин.

Мигрантите кои ќе успеат да стигнат до британскиот брег би можеле експресно да бидат испратени во прифатен центар во Албанија, пренесува британски Индепендент.

Според медиумите на островот, министрите нашироко размислуваат да отворат прифатен центар за азил во Албанија со цел да се запре приливот на мигранти кои пристигнуваат на островот преку северна Франција.

Секој што ќе побара азил во Британија, во која влегол илегално, ќе биде префрлен во Албанија во рок од една недела, објави Тајмс, додавајќи дека проектот ќе ги чини британските даночни обврзници 100.000 фунти по мигрант за патување и сместување.

Извор од британската влада изјави дека има добри шанси да се постигне договор со Тирана, иако министерот за надворешни работи Олко Џачка минатиот месец ја отфрли таа идеја.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи објасни дека мигрантите треба да побараат азил во првата безбедна земја на која ќе наидат, поради што Лондон одлучи да отвори центар во Албанија.

Минатиот месец, весникот Сан прв ја објави веста дека Британците се откажале од отворањето на прифатни центри на напуштените нафтени бунари од океанот и дека оттаму сега се планира да се испратат мигрантите во Албанија, на што веднаш реагираше и кабинетот на албанскиот премиер, кој соопшти дека „тоа апсолутно не е точно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот