Foto: Reuters/ Russian Defence Ministry/ Handout

Британците тврдат дека „критичката слабост“ на Русија станува се поочигледна

Британското министерство за одбрана објави нов дневен брифинг од своите разузнавачи и луѓето на терен. Денеска пишуваат за проблемите на руската одбранбена индустрија. Британците пишуваат дека овие проблеми се толку големи што стануваат критична точка за Русија.

„На 9 февруари 2023 година, Дмитриј Медведев повика на зголемување на производството на руски тенкови при посетата на фабриката за транспортни машини во Омск“, пишуваат Британците за изјавата на поранешниот руски претседател.

Неговата посета на фабриката уследи по неколку јавни коментари на Путин кој ја повика одбранбената индустрија подобро да ја поддржи „специјалната воена операција“.

„На телевизиски состанок на 12 јануари 2023 година, Путин го критикуваше Денис Мантуров, вицепремиерот одговорен за одбранбената индустрија, за „зафркање““, пишуваат Британците. Тоа беше еден од најсилните јавни испади на Путин од почетокот на инвазијата, додаваат тие.

„Високите руски лидери веројатно се свесни дека военото индустриско производство станува критична слабост, влошена од стратешката и оперативната погрешна проценка на инвазијата на Украина“, додаваат Британците.

Тие заклучуваат дека военото производство сигурно не ги исполнува барањата на Министерството за одбрана за кампањата во Украина. И поради ова, не успева успешно да ги надополни залихите за долгорочни одбранбени цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот