Британците поделени околу стратегијата „живот со ковид“

Министерот за здравство на Британија, Саџид Џавид во посета на болница/ Фото PA Images / Alamy / Alamy / Profimedia

Британскиот парламент се двоуми околу стратегијата на Владата за „живеењето со ковид“, а од министерот за здравство Саџид Џавид се очекува да продолжи да притиска за бесплатно тестирање и покрај барањата на Министерството за финансии да се намали буџетот.

Министрите, вклучително и секретарот за здравство и канцеларот, Риши Сунак, се очекува да се состанат денеска за да разговараат за стратегијата пред таа да биде објавена следната недела.

Гардијан оваа недела откри дека Министерството за финансии на Сунак се обидува да го намали буџетот за преостанатите резерви за ковид до 90%, од 15 милијарди фунти оваа година на дури 1,3 милијарди фунти во следните години.

Плановите најверојатно од март ќе вклучуваат крај на сите бесплатни ПЦР тестови, освен за оние најранливи луѓе. Со ова ќе се стави крај на бесплатното асимптоматско тестирање со тестови за латерален проток (ЛФТ).

Според британските медиумни, Џавид и министерството за здравство ќе се борат за да добијат повисока сума на пари од Владата за да може да се обезбедат доволен број на тестови за да може да преживее здравствениот сектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот