Британци правеле неред во центарот на Скопје, не слушале наредби од полицајци

Полиција - пункт / фото: EPA/EFE. Georgi Licovski

Доцна синоќа се случил инцидент во центарот на Скопје, во кои биле вклучени британски државјани, соопшти МВР.

Според полицијата, И.Л.Т.(48) од Велика Британија го нарушил јавниот ред и мир на јавно место со карање, викање и дрско однесување, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

-Исто така и Н.Ј.Д.(34) од Велика Британија го нарушил јавниот ред и мир и постапил спротивно на наредба на полициски службеници кои извршувале службени дејствија, пишува во полицискиот билтен.

Од МВР додаваат двајцата биле приведени во полициската станица Центар за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот