Брињоне ќе ги бојкотира ЗОИ Милано-Кортина 2026 затоа што ќе немало олимписки дух

Прв мал Кристален глобус во супер-џи за Федерика Брињоне /Фото: EPA Jean-Cristophe Bott

Трикратната олимписка медалистка во алпско скијање, Италијанката Федерика Брињоне предупреди дека нема да има „олимписки дух“ на Зимските олимписки игри 2026 година во Милано и Кортина д’Ампецо поради големата оддалеченост меѓу двата града.

Брињоне освои два олимписки медали на ЗОИ Пекинг 2022 година, а е и бронзена медалистка од ЗОИ Пјонгчанг 2018. Таа е најуспешната скијачка во Светскиот куп од Италија со 19 победи, вклучувајќи ја и вкупната титула во 2020 година.

Но, Брињоне одлучи да не учествува на нејзините домашни Игри и изрази загриженост во врска со организацијата на Милано-Кортина 2026 година.

– Сигурно нема да бидам на ЗОИ Милан – Кортина, олимпискиот дух ќе недостасува. Алпите се фантастични, конечно ќе имаме ЗОИ повторно во Европа. Единствената лоша работа е што сето тоа ќе биде расфрлано. Нема да има Олимписко село, нема да има олимписки дух. Секој од нас ќе биде на различно место – изјави Брињоне.

Зимските олимписки игри 2026 година ќе се одржат на површина од 22.000 километри со двата града домаќини Милано и Кортина д’Ампецо лоцирани на четири и пол часа возење оддалечени еден од друг.

Тоа ќе ги направи географски најраспространетите ОИ во историјата. Кортина се наоѓа на повеќе од 420 километри од Милано. Норвешкиот скијач Лукас Братен, исто така, изрази резервираност околу раздвоеноста на натпреварите во алпско скијање. Мажите ќе бидат во Бормио, а жените во Кортина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот