Брегалница „гази“ во Првата лига, „пандевци“ се израмнија со Ренова

ФК Брегалница Штип им се врати на победите во шампионатот/Фото: fkbregalnica.mk

Уште пет натпревари се одиграа во 11 коло од Првата македонска лига, Академија Пандев го искористи поразот на Ренова и сега со „гипсарите“ ја делат втората позиција.

Академија Пандев триумфираше над Борец со 1:2, после првото полувреме водеа „пандевци“ со голот на Мирчевски од 32 минута.

Велешани израмнија во 64 минута со погодокот на српскиот интернационалец Ѓурѓевиќ, а конечниот епилог го постави Шаркоски во 87 минута.

Брегалница реди победи во шампионатот, ја забележа и третата по ред остварена на гостувањето кај битолски Пелистер (0:3). За составот од Штип двоен стрелец беше Стојанов, а еден гол беше дело на С. Коцев во самиот финиш од средбата.

Шкендија славеше над Работнички, мрежата на „романтичарите“ ја тресеа Елези и Рамадани, а бодовите ги поелија Македонија ЃП и Струга Трим Лум. За ѓорчепетровци предност донесе Младеновски (68`), а израмни Цветаноски (77`) за стружани.

И на последниот дуел Скопје триумфираше над Тиквеш (2:1), за домашната екипа двапати стрелаше Јашароски, а кај гостите од Кавадарци гол запиша Р. Коцев.

Прва лига

11. коло, резултати –
Недела

Борец – Академија Пандев 1:2
Скопје – Тиквеш 2:1
Македонија ЃП – Струга Трим Лум 1:1
Пелистер – Брегалница Штип 0:3
Шкендија – Работнички 2:0

Табела: Шкупи 26 бодови, Ренова 21, Академија Пандев 21, Брегалница Штип 19, Шкендија 17, Струга Трим Лум 15, Работнички 15, Скопје 15, Македонија ЃП 11, Борец 8, Тиквеш 6, Пелистер 4.

Шкупи ја реши Ренова и ја зголеми предноста на табелата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот