17 C
Скопје

Breaking (Мијалков) news

Ако за првата реалност, за партократска „објективна стварност“ сѐ е добро што добро ќе заврши, за „виртуелната“ реалност токму ние, и општеството во целина, сме жртвите на политичкиот театар на апсурдот што зачестено почна да ни се сервира.

Ние навистина во државава почнуваме да живееме двојна реалност, во зависност од фамозната (и само наша) „перцепција“. Иако, се чини, нечиј „вид“ или видокруг, како сакате, одамна не бил на проверка кај добар офталмолог. Зашто вакво државно слепило или нека е само и кратковидост, веќе се трансформира во хронично заболување чиишто почетоци ги дијагностицираше уште оној искусен д-р Прибе. Сега, таа хроничност само се продлабочува, се мултиплицира, се засилува до необјасниви пропорции коишто се закануваат да галопираат кон типично старечко таканаречено „перде“, а потоа и целосно слепило повторно наречено заробена држава.

Денес веќе најодговорно можеме да говориме за победата – дури и да е привремена – на квантитетот над квалитетот (Радев)! И тука тешко некој може нешто да направи зашто партискиот односно партократскиот квантитет (засега) е непобедлив. Тоа барем е очигледно. Ниту една партија освен, се разбира, рестловите од злосторничкото здружение кои сега се кодошат меѓу себе, нема што да каже? Освен Павле Трајанов, нормално!

Но, втората или другата реалност за којашто говорам е онаа присутна на социјалните мрежи. Таму гледате сосема друга ориентација на општеството, или други „news“, сосема поинаква диоптрија, морал/етика, често и срам, чувство за правда и правичност (иако не и голема демократичност, што пак е заедничка црта на двете „реалности“). Некој може да биде и попрецизен па да каже дека вистинското општество е она на социјалните мрежи. Да, тоа општество можеби е на маргините, или можеби е „виртуелно“ – иако не е, и таму луѓето во најголем број имаат лик, име и презиме – но ги одразува искрените верувања на голем дел од граѓаните на оваа земја дека можеме и подобро, и поуспешно, и подемократично и – поквалитетно.

Прочитајте и...  Лидерски договори или заговори?!

Се разбира дека за многумина тоа „општество“, таа „држава во мало“ ќе остане само таму некаде во етерот односно интернетот, дека таа речиси и да нема никакво влијание врз „објективната стварност“ односно онаа прва (државно политичка) реалност, ама тоа само така изгледа. Зашто, да не се лажеме, тоа виртуелно „општество“ е гледано, читано и сериозно следено од „објективната стварност“, од актуелните „политичари“, и не ретко се покажало дека е единствениот нејзин/нивен коректив. Актуелниов случај којшто јас го нарекувам „Breaking Мијалков news“ е типичен пример за двете реалности, но и за предностите на онаа втората „реалност“, онаа на социјалните мрежи, каде што доминира демократичниот пристап, критичката диоптрија, чувството за правда. Ако за првата реалност, за онаа партократска „објективна стварност“ сѐ е добро што добро ќе заврши – иако овде веќе никој не може да направи разлика помеѓу доброто и лошото – без оглед на новите „жртви“ впишани на антидемократската листа, за втората, за „виртуелната“ реалност токму ние, и општеството во целина, сме жртвите на политичкиот театар на апсурдот што зачестено почна да ни се сервира. Од маргините кон центарот, од „виртуелноста“ кон стварноста, „реалноста“ на социјалните мрежи сепак добива поголема гледаност, читаност, внимание од онаа во државните медиуми, бидејќи не е оптоварена со калкулантски интереси (лични или групни), со партиска припадност, со (пот)платена пропаганда подготвена да оправда сѐ, дури и сопствената глупост. Границите веќе се бришат, сега стварноста ни е „reality show“ а мрежите ни се посакуваната реалност, или барем посакуваниот вентил. А имаме ли друг избор, би сакал да знам?

Прочитајте и...  Кучињата лаат, а карванот си врви

Кога еден веќе сериозно возрасен македонски политичар (Тито Петковски) ќе каже дека „Македонија сѐ уште нема, ниту интелектуална, ниту политичка елита способна да одговори на предизвиците на времето, потребите на граѓаните и долгорочните интереси на државата. Елита, способна да проектира и да изведе големи позитивни промени. Нашата елита е или во интелектуална кома или во политичка корупција“, а притоа заборава дека токму тој е активен субјект цели триесет години во самите врвови на власта, тогаш тоа е македонската „објективна стварност“ со која мораме секојдневно да живееме. Зашто, тие себеси се гледаат како нешто друго, како месии на оваа грутка заборавена од светот земја.

Поврзани вести

Лидерски договори или заговори?!

Мендо Димовски

Кучињата лаат, а карванот си врви

Омаловажувачкиот хумор кон етнички групи не е шега

Ваљон Салиху

Враќањето на германската политика

Јошка Фишер

За Трајко, со почит

Атанас Костовски

Рускиот проблем: НАТО

Ѓуро Козар/Ослобоѓење

Остави Коментар