Братот на Лав Четиринаесетти откри што најмногу му недостига на папата откако стана поглавар на Римокатоличката црква
Лав Четиринаесетти многу сакал да јаде слатки и да вози автомобил, па токму тоа и најмногу му несдостасува откако стана поглавар на Римокатоличката црква, изјви неговиот брат Џон Превост.
Препорачано
„Мојот брат сака да јаде слатки од Пипс и сака да вози. Многу му недостигаат тие две работи во моментов“, рече Превост во интервју за американската телевизиска станица „Ен-би-си“, и додаде дека Папата Лав, често сакал да чита трилери за судски процеси од американскиот писател Џон Гришам.
Постариот брат на папата, Џон, исто така рече дека поглаварот на Римокатоличката црква сака да го направи својот престој во папската летна резиденција во градот Кастел Гандолфо „редовна навика“ откако неговиот претходник, папата Франциск, ја затвори резиденцијата и ја претвори во музеј.
Лав, пред да стане поглавар, поголемиот дел од својот живот го поминал работејќи со сиромашните луѓе во Перу, прво како августински мисионер, а потоа како епископ. Поранешните парохијани и црковни работници велат дека тој во голема мера ја зајакнал работата на локалната добротворна организација Каритас, отворајќи народни кујни и засолништа за мигранти и собирајќи средства за изградба на кислородни постројки за време на пандемијата со Ковид 19.


