Браќа Албанци паднаа во Италија со дрога вредна 6 милиони евра

Италијанската полиција уапси двајца браќа Албанци откако биле фатени со количина 23 килограми кокаин, чија вредност достигнала 6 милиони евра.

Според италијанските медиуми, акцијата за апсење на браќата Албанци, на возраст од 30 и 34 години, била спроведена од полицијата  Пешиера дел Гарда.

Полицијата првично запре сомнително возило откако ги прекрши анти-ковид правилата, но од претресот на возилото полицијата пронајде мал плик во кој имало околу 1 грам кокаин. Додека во багажникот на автомобилот на браќата е пронајдена количина од 1 кг кокаин и 73500 евра.

Земајќи ги предвид големите количини на дрога и пари, полицијата решила да изврши претрес во станот на 30-годишниот Албанец, кој живеел со неговиот брат. При контролата полицијата пронашла уште 23 кг кокаин.

Двајцата браќа се уапсени и предадени на судските органи за понатамошна истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот