Брајтон демантира дека го продал Кукуреља на Челзи

Марк Кукуреља потпиша договор на шест години со лондонските „сини“/фото: EPA-EFE/Mariscal

Левиот бек на Брајтон, Марк Кукуреља, се уште ќе почека на преселба во Челзи, откако „галебите“ ги демантираа наводите за трансфер.

– И покрај информациите објавени во бројни медиуми, клубот не постигна никаков договор околу продажбата на Марко Кукуреља – стои во соопштението на Брајтон.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо прв објави дека Кукуреља ќе потпише за Челси. Според Романо, Челси се согласил да му плати на Брајтон 50 милиони фунти и Леви Колвил.

Во претходната сезона Кукуреља одигра 38 натпревари и постигна еден гол и беше најдобар играч на Брајтон.

Кариерата ја започна во фудбалските академии на Еспањол и Барселона, а потоа замина на позајмици во Еибар и Хетафе по што направи трансфер во Брајтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот