Фото: EPA/SEBASTIAN ELIAS UTH

Брајан Ример: Македонија е балканска репрезентација која игра со срце

Македонската фудбалска А репрезентација во полуфиналето на мундијалскиот бараж за противник ја доби селекцијата на Данска против која ќе игра на гостински терен на 26 март 2026 година.

Нашата најдобра селекција доколку ја победи Данска, во последната пречка повторно како гостин ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Чешка и Република Ирска на 31 март 2026 година.

Данскиот селектор Брајан Ример истакна дека ждрепката во Цирих беше добра за неговата репрезентација:

– Сакавме да ја избегнеме Шведска, имаме историја со нив, и натпреварот ќе беше посебен. Малку проверив за Македонија и знаеме дека е балканска репрезентација која игра со срце. Ќе направиме подетална анализа. Тоа ќе биде процес во текот на следните неколку месеци, а кога ќе дојдат натпреварите во март, ќе знаеме малку за нив. Тоа е ждрепка што треба да ни обезбеди билет за Светското првенство. Тоа е нашата јасна цел и очекување. Чувствуваме дека сме на добро место и сме подготвени да се справиме со задачата – вели Ример за Ritzau.

Тој нагласува дека целиот фокус првично ќе биде на Македонија, но ќе има и анализа на репрезентациите на Чешка и Република Ирска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот