Босна и Херцеговина со 410.776 невработени лица

Кон крајот на февруари 2021 година, во Босна и Херцеговина имало 410.776 невработени лица, според последните показатели од пазарот на трудот.

Бројот на невработени во февруари е помал за 4.251 лице или 1,02 проценти отколку во јануари, додека во споредба со истиот месец лани е зголемен за 7.888 лица или 1,96 проценти, пренесува порталот Индикатор.

Годишниот раст на невработеноста е предизвикан од намалена економска активност како резултат на пандемијата на коронавирусот.

Од вкупниот број на лица кои барале вработување во февруари, 56,97 проценти биле жени.

Според последните достапни податоци на Агенцијата за статистика на БиХ, во јануари годинава во земјата имало 809.677 вработени лица, од кои 349.753 биле жени. Во споредба со декември 2020 година, бројот на вработени се намали за 0,5 проценти, а бројот на вработени жени се намали за истиот процент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот