Фото: EPA/FILIP SINGER

Борусија Менхенгладбах убедливо славеше против Аугсбург, Табаковиќ двоен стрелец

Денеска во 16 коло од најсилното германско првенство фудбалерите на Борусија Менхенгладбах славеа со 4:0 над екипата на Аугсбург.

Домаќините ги обезбедија бодовите веќе во текот на првото полувреме по кое имаат предност од 3:0.

Скали ја почна гол серијата во осмата минута, за 2:0 се погрижи Дикс од пенал, а во 36 минута Табаковиќ стрелаше за 3:0.

Конечниот епилог го постави босанскиот интернационалец Харис Табаковиќ со неговиот втор погодок во 61 минута.

За Борусија (М) ова беше петта победа сезонава во Бундес лигата и моментно е на 10 позиција со 19 бодови, додека Аугсбург после 10 пораз е на 15 место со 14 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот