БОМБАРДЕР СЕ УРНАЛ И ЗАПАЛИЛ ВО САД: Петмина загинати

Најмалку пет лица загинаа денеска при пад на авион бомбардер од времето на Втората светска војна во близина на Меѓународниот аеродром Бредли, северно од Хартфорд, во американската држава Конектикат, соопштија властите.

Авионот Б-17 со четири мотори и на млазен погон, во кој биле 13 патници, се урнал и запалил при неуспешен обид за полетување, додека пилотот се обидувал повторно да го приземји.

„Авионот бил во воздух неколку минути, кога пилотот пријавил проблем со постигнувањето на висината“, соопштија властите.

Авионот Б-17 на аеродромот беше изложен претходно оваа недела од групата за образование на Фондацијата Колингс.

Само неколку од овие авиони се технички способни да летаат. Тие се долги 23 метри, со распон на крилјата од 32 метри и се користени во секојдневното бомбардирање на Германија за време на Втората светска војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот