Болсонаро го исмеа Зеленски: Украинците мислат дека ќе ги спаси комичар

Колаж на СП/ ЕПА

Десничарскиот претседател на Бразил Жаир Болсонаро вчера на својата прес-конференција го исмеа украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека „украинскиот народ ги положи своите надежи во рацете на комичарите“.

Болсонаро одби да ја осуди руската инвазија на Украина. Тој рече дека Бразил ќе остане неутрален во конфликтот, додавајќи дека „Бразил и Русија се практично братски нации“.

„Нема да заземаме страна, ќе продолжиме да бидеме неутрални и да помагаме со се што е потребно. Голем дел од украинското население зборува руски“, рече Болсонаро.

Бразилскиот претседател додаде дека вчера разговарал со Путин два часа, но бразилскиот министер за надворешни работи подоцна рече дека Болсонаро се осврнал на посетата на Москва претходно овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот