Болното и тајно минатото на новата сопруга на британскиот премиер Борис Џонсон

epa-efe

Во минатото работела како ПР за Конзервативната партија, а денес е сопруга на премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон. Која е Кери Симондс, жената која преку ноќ го привлече вниманието на светската јавност?

Премиерот на Велика Британија, 55-годишниот Борис Џонсон неодамна во тајност стапи во брак со 33-годишната Кери Симондс. Двојката се венчала во катедралата Вестминстер пред мала група од блиски пријатели и семејство.

epa-efe
EPA-EFE

Тие исто така најавија дека ќе имаат поголема прослава во 2022 година, кога ќе се намалат мерките воведени поради пандемијата.

Борис и Кери веќе го имаат синот Вилфред, кој се роди само неколку месеци откако парот ја објави својата свршувачка во февруари. Тие го именуваа по лекарот кој му го спаси животот на Борис кој беше заразен од коронавирусот. Кери за венчавката блескаше во боемски фустан од тантела, а носеше и венец од цвеќе.

Која е Кери Симондс?

epa-efe
EPA-EFE/NEIL HALL

Уште пред врската со политичарот, Кери била позната во високите лондонски кругови, бидејќи долго време се занимавала со односи со јавност. Нејзини родители се Метју Симондс, еден од основачите на „Индипендент“ и Џозефин Мекафи, која по занимање била еден од најдобрите адвокати во Лондон. Симондс пораснала опкружена со луксуз и посетувала престижни училишта во Велика Британија.

Студирала историја на уметност и театарски студии. Дипломирала во 2009 година, а истата година станала ПР на Конзервативната партија. Сепак, во 2018 година, таа поднесе оставка и сега работи во непрофитна организација за заштита на океанот.

epa-efe
EPA-EFE/ANDY RAIN

Врската со Борис

Љубовната врска на парот беше потврдена кога Кери првпат се појави во јавноста со Борис за да ја поддржи неговата кандидатура за премиер во јуни 2019 година.

epa-efe
EPA-EFE

Сепак, гласините од таблоидите за нивната врска кружат уште од 2018 година, кога Симондс наводно им се пофалила на пријателите за тоа дека го поминала Денот на вљубените со Борис во едно британско село.

Според „Мирор“, Борис тогаш ѝ ветил на Кери дека ќе ја заштити и се извинил што ја вовлекол во медиумска бура. Кери се преселила кај Борис на улицата „Даунинг“ кога тој стана премиер. Тие беа првиот невенчан пар кој живееше во позната резиденција.

Жртва на сексуално насилство

epa-efe
EPA-EFE/VICKIE FLORES

Џон Ворбоис е поранешен таксист осуден за сексуален напад врз неколкумина свои патници. Симондс сведочела на судењето во Ворбоа во 2009 година, бидејќи била една од неговите жртви во 2007 година, кога имала само 19 години.

Таа ноќ Симондс се возела со него додека се враќала од ноќниот клуб „Кингс Роуд“. Тој ѝ понудил шампањско и водка, а Симондс верува дека во пијалокот имало дрога за силување. Памети дека повраќала и хистерично се смеела пред да се онесвести. Следниот ден едвај успеала да се врати дома. Вкупно четиринаесет жени сведочеа против Ворбоис на судењето.

Британскиот премиер Борис Џонсон тајно се ожени

 

Видео на денот