Боксерите на подготовки во Србија

Македонската боксерска репрезентација се подготвува пред настапот на олимпискиот квалификациски турнир.

Македонската репрезентација составена од боксерите: Гоце Јанески, Јасин Љама и Арсим Етеми под водство на селекторот Хесус Сојет се во Белград каде ќе ги имаат финалните подготвките пред настапот на Олимпискиот квалификациски турнир во Лондон.

Подготовките ќе се одвиваат заедно со српската репрезентација која иста така ќе настапи на турнирот во британската престолнина.

– Ова ќе биде нова убава можност за добри подготовки на нашите репрезентативци заедно со селекцијата на Србија со чија федерација имаме одлична соработка. Нашата репрезентација во Белград ќе остане до 8 март. Два дена подоцна се патува за Лондон каде од 14 март започнуваат квалификациите за Токио 2020 – велат од Боксерската федерација на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот