Боки 13 пренесен во болница

Фото: Слободен печат

Бојан Јовановски познат како Боки 13, кој е во притвор за случајот на ОЈО познат како „Рекет“, утринава е пренесен на скопските клиники. Според затворската управа тој е пренесен во болница на испитувања кои биле потребни по претходно закажан оперативен зафат.

Јовановски веќе втора недела е во истражниот затвор „Скопје“ крај населбата Шуто Оризари. Тој и неговиот пријател Зоран Милески, познат како Зоки Кичеец осомничени се за рекет од 1,5 милиони евра со ветување дека ќе влијае на истрага, преку влијание на јавен обвинител. Двајцата се осомничени за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело перење пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот