Бојмацалиев: Со вложување во дигитарлни радари и дрегери се намалуваат сообраќајните незгоди

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев се сретна со раководствата на организациските единици при МВР во Македонски брод, Кривогаштани и Ропотово. Го придружуваа министерката за култура и доскорешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

„Безбедносната состојбата на подрачјето на Полициско одделение Кривогаштани, Полициска станица Макдонски брод и Полициско одделение Ропотово во текот на прво тримесечје се цени како добра и стабилна. Од страна на вработените во ПО – Кривогаштани превземани се мерки и активности согласно програмските определби, насоките давани од страна на повисоките старешини како и мерки и активности по пристигнатите телеграми. Во текот на 2024 година во Кривогаштани регистрирани се вкупно 7 кривично дела од кои 3 се реализирани, со што е постигната ефикасност од 42,86 %; во Македонски брод регистрирани се 10 кривични дела, од кои 5 реализирани, со што постигната е ефикасност од 50%“, рече Бојмацалиев.

Бојмацалиев вели дека со дигитализација на процесите, воведување на дигитални радари и алкомери (дрегери) во делот на безбедноста во сообраќајот оваа организациска единица бележи намалување во сообраќајните незгоди со тешки последици,

„На мое задоволство бев информиран дека во Кривогаштани нема сообраќајни незгоди со смртни последици. Исто така, посветено е внимание и на превентивните активности. За одбележување се остварените 30 превентивни активности во првото тримесечје, како и покриеноста на Кривогаштани со 571 патролни и мотопатролни служби”, рече Бојмацалиев, истакнувајќи дека подобрувањето на условите за работа придонесе кон подобри резултати“, рече Бојмацалиев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот