Бојмацалиев: Полициските одделенија Арачиново, Матејче и Шуто Оризари подготвени за изборите на 8 мај
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, денеска ги посетија Полициските одделенија Матејче, Арачиново и Шуто Оризари, во пресрет на парламентарните и вториот круг од претседателските избори 2024 година, а со цел гарантирање фер, слободни и демократски избори, како и согледување на постигнатите резултати во првото тримесечје од 2024 година, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Препорачано
Притоа, делегацијата од МБР била информирана за редовно функционирање на локалните штабови во рамки на Оперативниот Штаб на МВР.
-Во Полициското одделение Матејче имаме вкупно 20 кривични дела, од кои 17 се за кражба на електрична енергија, додека во Полициското одделение Арачиново регистрирани се 21 кривично дело кражба на електрична енергија. Во однос на Полициско Одделение Шуто Оризари, за одбележување се 13 пријавени настани за нарушување на јавен ред и мир, од кои сите се расчистени со поднесени прекршочни пријави. Воедно, имаме 35 кривични дела по службена должност, од кои 6 се расчистени од ЕВР Чаир, информираат од МВР.
Бојмацалиев на средбите уште еднаш ја потврдил заложбата за организирање европски избори и на колегите им ја потенцирал важноста од работење исклучиво по закон, а со цел гарантирање на безбедноста на изборните процеси.


