БОИНГ ИТНО ПРИЗЕМЈИ 50 АВИОНИ: Директорот на авио-компанијата изјави дека има сериозни грешки во безбедноста (ВИДЕО)

Боинг / Фото Архива

Авио-компанијата Боинг изнела соопштение во кое се наведува дека ширум светот биле приземјени преку 50 авиони, откако се открило дефект поврзан со крилата на авионот.

Највисокото раководство на авио-компанијата признало дека се направени сериозни грешки поврзани со безбедноста.

Се тоа е откриено за време на сведочењето на Денис Муиленберг, кој е директор на американската авио-компанија, пред Парламентот на САД во средата. Тој тогаш рекол дека компанијата направила сериозни грешки поврзани со клучниот безбедносен систем.

„Јас сум виновен. Две несреќи се случија за време на мојот мандат. Се чувствувам одговорно за нив“, рекол тој.

Тие две несреќи се падовите на најновите авиони на Боинг за помалку од шест месеци, што сериозно ја загрози репутацијата на компанијата. Станува збор за големи авио-несреќи – падот на авионот „Етиопијан ерлајнс“ кога загинаа 157 луѓе, во март, и потоа падот на авионот кој го купила Индонезија. Во таа несреќа загинаа 189 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот