Богојески ги повика историчарите од Бугарија: Ако најдете еден доказ дека Илинденското востание се нарекувало „прерожбенско“, ќе ги искинам сите дипломи

фото Архива

Ако најдете еден доказ дека Илинденското востание се нарекувало Илинденско – прерожбенско, ќе ги скинам сите дипломи, упати повик до историчарите од Бугарија Петар Богојески, првиот човек на движењето „Македонски концепт“ на својот фејсбук профил.

-Повик до сите историчари од БУГАРИЈА!!!

Ако најдете само еден доказ, само еден, дека Илинденското востание во 1903 година се нарекувало Илинденско – прерожбенско востание, јас ќе ги искинам сите дипломи што ги имам!!! Сите до една!
Ако не најдете, да се извините за сите болшевички историски фалсификати кои ги имате направено во “вила Бојана” од божидарковци, и да ја прифатите ВИСТИНАТА ЗА ИЛИНДЕН!
Може ли вака братучеди?!?, напиша тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот